• 1300x780
    Растопеното чоколадо и оревите првпат се споиле во 1904 година во Њу Хемпшир и завршиле како кулинарска препорака во книгата за готвење издадена истата година во Чикаго. Текстурата на колачињата во тој период била малку помека од колачињата „брауни“ кои денес се познати.
  • 1300x780
    Морковот бил користен во слатките торти уште во средниот век, кога засладувачите биле ретки и скапи, а морковот е зеленчук што содржи најмногу природен шеќер. Најстариот рецепт се среќава во една книга за домаќинство и готвење издадена во Швајцарија, во 1827 година. Тортата со морков се смета за историско кулинарско наследство на Швајцарија и е особено популарна на детските родендени.



„О, ла, ла“ е есенско чедо. Вага во хороскоп: мафин или чизкејк, брауни или палачинки?
Ја запали печката и го претстави своето слатко мени во октомври 2011 година. Се вдоми во едно ќоше во Градскиот трговски центар во Скопје.
„О, ла, ла бистро“ се придружи кон семејството во јуни, 2015. Рак во хороскоп, мирен и емотивен, стуткан во прегратките на „Веро – Џамбо“.
Розево – белата заштитна боја и старомодниот ентериер се новото пријатно катче за интимни разговори зачинети со аромата на тазе печива и слатки. Во францускиот речник, изразот „о, ла, ла“ (ooh la la) се користи за да се изрази изненадување или одушевување. Тоа е и нашата цел. Пријатно да ги изненадиме, одушевиме и разгалиме сите сладокусци и љубители на чоколадото и префинетите слатки.
Секое колаче има своја душа. Ништо не е идентично и стопено во маса со другите. Колачињата на „О, ла, ла“ имаат свој идентитет.
Кога мирисот на тазе печиво штотуку извадено од печка и аромата на топено чоколадо ќе ги заскокоткаат човековите сетила, единствено што можете да сторите е да ги затворите очите и да се транспортирате во сопствениот совршен свет.